Црква „Св. Илија“ - Таор
црква во селото Таор From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Илија — македонски православен храм во скопското село Таор. Храмот се наоѓа на крајниот северен дел на селото на височинка која доминира над Скопското Поле и крај патот кој води кон археолошкото наоѓалиште Тауресиум. Изградбата на црквата е во завршна фаза, а стилот е средновековно-византиски, сличен на многуте средновековни цркви во Македонија (налик на Св. Јован Богослов - Канео во Охрид). Црквата ја гради позната тајфа неимари од Пустец, Албанија според проект идентичен со црквата „Свети Петар и Павле“ во ресенско Подмочани. Ктитор на верскиот храм е Борче Гиевски, градоначалникот на општина Зелениково во периодот од 2004 до 2009 година како и повеќе други дарители.[1]
Околу црквата се пронајдени споменици од римско време кои и денес стојат на тоа место.[2]
Remove ads
Галерија
- Поглед кон црквата од североисточната страна
- Поглед на црквата Свети Илија од север
- Поглед на дел од селото Таор со црквата Свети Илија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads