Црква „Св. Константин и Елена“ - Блаце

црква во селото Блаце From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Константин и Елена“ - Блацеmap
Remove ads

Свети Константин и Елена — селска црква во тетовското село Блаце, Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата е сместена над селото, на падините на Сува Гора.

До црквата води пат поплочен со бекатон плочки.

Историја

Црквата постоела одамна и за нејзе Јован Трифуноски има запишано дека во 1940-тите години имало само остатоци од темелите. Околу црквата била зачувана елова шума. Кога црквата постоела, бил организиран собор на кој се колеле заловени елени.[2]

Според натписната плоча на црквата, црквата била возобновена во 1993 година, а била осветена во 1998 година.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads