Блаце (Тетовско)

село во Општина Брвеница From Wikipedia, the free encyclopedia

Блаце (Тетовско)map
Remove ads

Блаце — село во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Традиционална архитектура во Блаце

Населбата се наоѓа во Долни Полог, во јужниот дел на територијата на Општина Брвеница, чиј атар делумно се издига на западната падина на Сува Гора. Селото е ридско, на надморска височина од 620 метри. Населбата од градот Тетово е оддалечена 23 км.

Историја

Во XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.

На 31 август 1944 година селото е нападнато од балисти со единствена цел да палат, пљачкосуваат и убиваат. До темели се изгорени 13 куќи и ѕверски се убиени 12 невини жители.

Стопанство

Атарот зафаќа површина од 7,7 км2. На него шумите заземаат површина од 366,1 ха, на пасиштата отпаѓаат 229,2 ха, а на обработливото земјиште 159,8 ха. Во основа, селото има полјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Блаце живееле 440 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Волковија имало 360 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, селото било дел од Милетинска општина и имало 62 куќи и 357 жители, Македонци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 344 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 272 жители, од кои 259 Македонци и 13 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Блаце е македонско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Коруновци (16 к.) Староседелци. Имаат иселеници во Милетино;
  • Љочковци или Грујовци (15 к.) Староседелци. Имаат иселеници во Стенче (домазет), Скопје (едно семејство) и во Ниш (едно семејство);
  • Грнчаровци (8 к.) Староседелци. Имаат иселеници во Брвеница, Копаница, Милетино, Тетово (едно семејство) и во Белград (едно семејство);
  • Мартиновци (11 к.) Староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Романија (едно семејство)
  • Лековци (3 к.) староседелци.
  • Николовци или Домазетовци (7 к.) потекнуваат од домазет кој се доселил од сега албанското село Пршовце, го знаат следното родословие: Веселин (жив на 47 г. во 1940-тите) Трпче-Тодор-Петре-Тримче-Никола, основачот на родот кој се доселил. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Стенче;
  • Лукаревци или Богојевци (8 к.) доселени се од поречкото село Лупште. Имаат иселеници во Милетино, Челопек (домазет), Скопје (две семејства) и во Романија (едно семејство);
  • Тачеј или Шопевци (4 к.) рано се доселени однекаде. Имаат иселеници во Челопек и Брвеница[13]
Remove ads

Општествени установи

Thumb
Црквата „Св. Георгиј“
Thumb
Црквата „Св. Константин и Елена“

Селото има три цркви и тоа:[14]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2046 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 262 гласачи.[16]

Култура и спорт

Во блаце на 4 јули 1969 по турнир во соседното село Милетино се формирал фудбалски клуб. Клубот го добил името „4 јули“ според името кога бил формиран. Натпреварите се играле на стадионот „Грбавица“ кој се наоѓа под селото.

Иселеништво

Од Блаце се иселиле многу луѓе, односно многу семејства. Поради тоа, бројот на населението е помал за разлика од историските податоци.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads