Црква „Св. Недела“ - Битола

From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Недела“ - Битола
Remove ads

Црквата Св. Недела во Битола е основана и издигната на 13 октомври 1863 година за време на неговото преосвештенство г-н Бенедикт Византиски, од кого црквата била осветена [1].

Thumb
Предната страна на црквата Св. Недела во Битола.

Историја

Панаѓур пред црквата „Св. Недела“ во Битола снимен од браќата Манаки, помеѓу 1905-1912
Thumb
Натпис над влезот од црквата Св. Недела во Битола.
Thumb
Гробот на Александар Турунџев

Најголемата икона во црквата е на светите браќа Кирил и Методиј, а со оглед на тоа што црквата била под јурисдикција на бугарската црква, натписот под неа гласи „бугарски просветители од Преслав 1875 год“.[се бара извор]

Натписот над влезната врата од црквата гласи:

Тоя светї храмъ на прѣсветая и славна великомѫченица Недѣля се издїгнѫ отъ основание съ иждивението на Българитѣ при владикованието на Вїсокопрѣосвещенния г-нъ г-нъ Венедиктъ Византийский който и я освети Битоля 13 октомври 1863 г.

Во превод:

Овој свет храм на пресветата и славна великомаченца Недела се издигна од основание со помош на бугарите за време на владикувањето на високопреосвештениот г-н г-н Венедикт Византиски кој ја освети. Битола 13 октомври 1863.
Remove ads

Гробишта

Во дворот на црквата Св. Недела се наоѓаат илинденските гробишта, каде се погребани и војводите Доне Крчаров (од с.Зовиќ) Димко Николов и Александар Турунџев [2]. На гробиштата се погребани многу значајни личности како Павел Шатев (револуционер), Димко Сарванов - Могилче (револуционер) ,Кирил Лозанчев -Револуционер Михаил Димев. Во периодот од Првата светска војна во Битола се погребани 40 бугарски војници, од кои 7 во дворот на црквата Св. Недела, а останатите на гробиштата во Хераклеја [3].

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads