Црква „Св. Недела“ - Орле

црква во селото Орле From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Недела“ - Орлеmap
Remove ads

Света Недела – главна селска црква во селото Орле.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа во западниот дел на селото, на возвишение коешто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.

Историја

Храмот бил изграден во 1860 година, бил обновуван повеќе пати, а од темел бил изграден во нов облик во 2000 година.[1]

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена мала отворена припрата, а на ѕидот над влезната врата е насликана фреска којашто е во лоша состојба. Црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја со ниско црвено цокле, а покриен е со кров од ќерамиди.

Внатрешноста на црквата не е зографисана, со исклучок на претставата на Исус Седржителот на сводот, но е богата со бројни икони. Ѕидовите се обоени во бела боја со црвено цокле, а во нивните горни делови се закачени петокраки ѕвезди, што ја симболизира небесната шир. Иконостасот содржи еден ред икони над ѓаконските порти и царските двери. Лево од царските двери се прикажани Света Недела, Архангел Михаил и Богородица со Исус, додека од десната страна се Исус, Архангел Гаврил и Свети Јован Крстител. На иконите во горниот ред се претставени различни библиски мотиви, а на иконата над царските двери е претставена Тајната вечера.

Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата претставува примитивна метална конструкција.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads