Орле
село во Општина Новаци, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Орле — село во Општина Новаци, во областа Мариово, во околината на градот Битола.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, на падините на Селечка Планина. Орле се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Новаци.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 830 метри.[2] Од градот Битола е оддалечено 34 километри.[3] До него води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1311 кај селото Маково.
Историја
Поради непосредната близина на Македонскиот фронт и борбите водени на Кота 1050, селото било зафатено од воените дејствија во текот на Првата светска војна.[4]
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 9,8 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 593 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 220 хектари, додека шумско земјиште нема.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орле живееле 102 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Орле имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Орле се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 14 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[9]
Селото е мало, во фаза на раселување. Така, во 1961 година селото броело 226 жители, а во 1994 година само 26 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Орле живееле 16 жители, сите Македонци.[10]
Денес, според неслужбени информации од 2015 година во селото живееле само 4 жители.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Remove ads
Општествени установи
- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Во XIX век, Орле било село во Мариовската нахија, во Прилепската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Старавина.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.
Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Мариово.
Во периодот 1950-1955, селото било дел на тогашната Општина Маково, во која покрај селото Орле, се наоѓале и селата Брник, Ивени, Маково, Мојно и Рапеш.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0179 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната канцеларија на селото Маково.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 64 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 57 гласачи.[17]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[18]
- Најденка — некропола од железното време.
- Цркви[3]
- Црква „Св. Недела“ — главната селска црква, подигната во 1860 година, подигната повторно од темел во 2000 година.
Редовни настани
- Слави[3]
- Велигден — селска слава.
Личности
- Родени во или по потекло од Орле
- Трена Здравевска (р.1919) — учесник во НОВ на Македонија
- Стојан Трајковски (р. 1953) — музичар и кларинетист
Галерија
- Поглед на селото
- Поранешното основно училиште
- Поглед на селото и селската црква
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads