Црква „Св. Никола“ - Врбен
црква во селото Врбен From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола — главна селска црква во горнореканското село Врбен.[1] Црквата е сместена во крајниот западен дел од селото.
Remove ads
Историја
Црквата е изградена во текот на XIX век.[2]
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа, со полукружна апсида во задниот дел. Изградена е од камен и е покриена со лимен кров. Влезната врата е изработена од дрво, а на ѕидот непосредно над неа е изрезбан натпис, над кој е закачена икона на Свети Никола. На сите страни од црквата има бројни квадратни прозорци и монофори. Камбанаријата се издига непосредно пред влезната врата и нејзината градба е прилепена до онаа на црквата. Таа има квадратна основа и се состои од два дела. Првиот е во висина на влезната врата од црквата и е отворен од сите четири страни, при што една од нив води кон внатрешноста на црквата. Вториот дел се издига во продолжение. Тој има осумаголна основа и е обоен во бела боја. Во неговиот горен дел е забележително што на секоја од осумте страни има по една затворена монофора. Камбанаријата е покриена со полукружен лимен кров над кој има крст. Дворот на црквата е ограден со камена ограда.
Remove ads
Галерија
- Страничен поглед на црквата
 - Задната страна на црквата
 - Влезната порта од дворот на црквата
 - Натписот и иконата на Свети Никола над влезната врата
 - Натписот над влезната врата
 - Натпис на еден од ѕидовите
 - Апсидата на црквата
 - Камбанаријата на црквата
 - Влезната врата на црквата
 
Поврзано
- Врбен
 - Полошка епархија
 - Гостиварско архијерејско намесништво
 - Мавровска парохија
 
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads



