Црква „Св. Никола“ - Доброште
црква во селото Доброште, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола — гробјанска селска црква во тетовското село Доброште, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа над селото, а околу нејзе се сместени селските гробишта.
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа над последните селски куќи, на допир со планинскиот предел над селото.
Историја
За време на турското владеење со Македонија, овој храм бил главната селска црква и во него служеле 2 свештеника. Подоцна бил целосно разоран.[2] Последниот свештеник бил убиен од страна на некој Албанец од селото Желино.
Празнување
Главниот патрон се чествува на Свети Никола Летен во мај. Според традицијата мажите утрото одат во малата црква и ги принесуваат славските колачи, а прославата на празникот продолжува по домовите каде Свети Никола Летен се чествува како селска слава. Традиционално на овој ден главно во вечерните часови се организира општо-народна прослава која, а на која освен доброштани присуствуваат и гости од околните населени места.[3]
Галерија
- Главниот влез
- Гробиштата
- Црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads