Желино
село во Општина Желино From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Желино — село и седиште на истоимената општина, во околината на градот Тетово.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во северното подножје на Сува Гора, од десната страна на Вардар, на околу 500 метри надморска височина. Низ селото поминува магистралниот пат М-4 кој го поврзува на запад со Тетово, а на исток со Скопје. Оддалечено е 9 километри источно од Тетово.
Историја
Подрачјето на Желино е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓлиштето Бело Поле во неговиот атар.
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 490 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Желино и имало 144 куќи со 784 Албанци.[3]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Желино живееле 400 жители, сите Албанци.[2]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Брвеница — село во Желинска општина (со центар во Сараќино) во Долнополошкиот срез и има 144 куќи со 784 жители, сите Албанци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 900 Албанци.[5]
Селото броело 1.766 жители во 1961 година, додека во 1994 година бројот се зголемил на 3.679 жители.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 4.110 жители и 550 домаќинства, од кои 4.100 се Албанци, 1 Бошњак и 9 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.432 жители, од кои 3.340 Македонци, 1 останат и 91 лице без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2106, 2106/1, 2107, 2107/1, 2108 и 2108/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.922 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
- Мостови
- Желински мост — прогласен за културно наследство на Македонија
- Археолошки наоѓалишта
Личности
- Агим Рамадани (р. 3 октомври 1956), македонски политичар, пратеник на ДПА[15][16]
- Абдурахман Алити (р. 1945) – правник, пратеник и амбасадор на Македонија во Република Бугарија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads