Црква „Св. Никола“ - Едренеџик
црква во Едренеџик, Драмско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола (грчки: Άγιος Νικόλαος) — црква во селото Едренеџик, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата е изградена во 1884 г. на местото на постар полувкопан храм. На плоча која стои над вратата на нартексот се спомнуваат годината на изградба, владиката Герман Драмски и архитектот Дукас Лазаролитис. Средствата за изградба на храмот се собрани од верниците во тој крај. Градбата претставува трикорабна базилика од камен со нартекс и женска црква. На почетокот на XX век на аглите на нартексот се доградени две камбанарии.[2]
Ктиторскиот натпис над западниот влез гласи:
„ | ΩΚΟΔΟΜΗΘΗ Ο ΘΕΙΟΣ ΟΥΤΟΣ ΚΑΙ ΙΕΡΩΤΑ ΤΟΣ ΝΑΟΣ ΤΟΥ ΑΓΙΟΥ
ΝΙΚΟΛΑΟΥ ΑΡΧΙΕΡΑΤΕΥΟΝΤΟΣ ΓΕΡΜΑΝΟΥ ΜΙΧΑΗΑΙΔΟΥ ΔΙΑ ΣΥΝΔΡΟΜΗΣ ΤΩΝ ΚΑΤΟΙΚΩΝ ΚΑΙ ΤΩΝ ΠΕΡΙΞ ΥΠΟ ΤΟΥ ΑΡΧΙΤΕΚΤΟΝΟΣ ΝΕΣΤΟΡΙΟY ΛΑΖAΡΟΠΟΛΙΤΟΥ 24 ΑΩΠΔ. ΕΔΡΕΝΕΤΖΙΚ 20 ΦΕΒΡΟΥΑΡΙΟΥ 1884.[1] |
“ |
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads