Црква „Св. Никола“ - Карамани

црква во селото Карамани From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Никола“ - Караманиmap
Remove ads

Свети Никола — главна селска црква во селото Карамани.[1] Црквата е сместена во средишниот дел од селото.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Во ноември 2014 година, црквата била ограбена и од неа биле изнесени монети и банкноти во вредност од околу 4.000 денари.[2]

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен на западната страна, а во нејзино продолжение е доградена припрата која е заградена од сите страни. Над влезот од припратата има ниша со фреска на која е прикажан Свети Никола. Црквата има и спореден влез кој е сместен на јужната страна. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди.

Дворот на црквата е ограден и во него се наоѓаат помошен објект, базен за верски обреди и селските гробишта, додека камбанаријата се издига над влезната порта од дворот на црквата. Таа има осумаголна основа и на четирите страни со поголема површина содржи по една ниша со фреска во долниот и по една монофора во горниот дел.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads