Карамани

село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia

Караманиmap
Remove ads

Карамани — село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Името на селото се верува дека доаѓа од тоа што поголем дел од атарот е покриен со земја црница, на турски „кара“. Според други извори, пак, името потекнува од топонимизација на родовското име Караман.[2]

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на влезот во селото од страна на Трн

Селото се наоѓа во Пелагонија, во средишниот дел на Битолското Поле и во северниот дел на територијата на Општина Битола.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 570 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 8 километри.[3]

Изразено полско село, североисточно од градот Битола. Соседни села се Трн и Долно Оризари.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Драгорка, Мера, Дрварски Пат, Долни Лозја, Слатина, Трнски Пат, Чеклази, Потка, Тумба, Под Тумба, Цилејца, Орница, Лениште, Камче, Зад Лозја, Дабје и Барутница.[4]

Селото има збиен тип, додека куќите се групирани на две маала: Горно и Долно. Помеѓу двете маала се наоѓа сретселото, каде е сместена црквата.[4]

Remove ads

Историја

Еден километар од селото е сместена месноста Тумба. Мештаните веруваат дека таму имало црква. На местото биле ископани гробови и стари пари.[4]

Во турски документ издаден помеѓу 1659 и 1750 година е првото споменување на името на селото, како Караман. Се верува дека селото е основано во исто време како соседното село Трн од доселенички родови во текот на XIX век.[4]

Во XIX век, Карамани било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Карамани е познато по Битката кај Битола за време на Првата балканска војна. Дунавската дивизија од првиот повик напаѓала во две колони. Десната преку Црна Река и Шемница извршила напад на селото Трн. Минувајќи преку мочуришното земјиште, околу 10 часот го зазела село Трн. Со тоа бил пробиен фронтот на 5. турски корпус. Меѓутоа, предноста не била искористена за продолжување на нападот, па Турците успеале да ја организираат одбраната кај селото. Левата (главната) колона не успеала да изврши напад врз турската десна страна. Поради уривањето на мостот на Црна Река, таа останала кај село Новаци. Коњаничката дивизија упатила еден полк кон село Брод за да ги заземе премините преку Црна Река, а главнината била кај село Биљаник. Тимочката дивизија од вториот повик била во армиската резерва. Турската 13. дивизија до вечерта стигнала во село Доленци. Меѓутоа, Џавид-паша, командантот на 6. корпус, бил принуден да ја врати 13. дивизија во Битола поради активноста на македонските месни чети што почнале да ги напаѓаат турските сили. Со тоа ја ослабнал фронтовската линија, која на српската војска ѝ овозможило прегрупирање и полесно пробивање на фронтот.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 7,5 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 670 хектари, на пасиштата отпаѓаат само 25 хектари, додека шуми нема. Селото има исклучително полјоделска функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Карамани живееле 350 жители, сите Македонци.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Карамани се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 38 куќи.[6]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Карамани имало 296 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]

Карамани е средно село по големина, кое што во 1961 година броело 496 жители, додека во 1994 година 362 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Карамани живееле 337 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 290 жители, од кои 283 Македонци, 1 Србин, 2 останати и 4 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Карамани е македонско село, сите родови во селото се доселени.[4]

Родови во селото се:

  • Доселеници: Дишковци (7 к.), доселени се од селото Рилево во Прилепско, таму биле староседелци; Бучуковци (3 к.), доселени се кога и Дишковци, доселени се однекаде; Тотевци (3 к.), доселени се од селото Ѕвезда, Мала Преспа (денес во Албанија); Тумуловци (2 к.), гранка од родот Тотевци; Батевци (1 к.) и Аврамовци (2 к.), доселени се однекаде; Миленковци (2 к.), доселени се од селото Оптичари; Ѓоревци (3 к.), доселени се од селото Ивањевци; Српчани (3 к.), доселени се од селото Долно Српци; Асанбеловци (2 к.) и Мацанковци (3 к.), доселени се од селото Радобор; Ѓелдиновци (2 к.), доселени се од селото Долно Оризари; Јунтовци (3 к.), доселени се од селото Лесково во Железник; Трајковци (2 к.), доселени се од селото Добромири; Пензуловци (1 к.), доселени се од селото Трап, таму биле староседелци; Смилевци (3 к.), доселени се од селото Ерековци; Чаушевци (6 к.), Утковци (3 к.), Дуковци (2 к.), Љамевци (1 к.) и Јовковци (1 к.), доселени се однекаде.
Remove ads

Општествени установи

Thumb
Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Битола.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кукуречани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Логоварди, во која селото Карамани, се наоѓале и селата Долно Оризари, Логоварди, Оптичари, Поешево и Трн. Општината Логоварди постоела и во периодот 1950-1952.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0135 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 261 гласач.[16]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[17]
  • Тумба — населба од неолитско, бакарно и бронзено време; и
  • Ќосеица или Бари — населба од римското време.
Цркви[18]
Параклиси

Редовни настани

  • Свети Константин и Елена — селска слава[4]

Личности

Родени во Карамани
  • Никола Дишков — битолски селски војвода на ВМРО;
  • Спиро Дишков — битолски селски војвода на ВМРО, војвода на четата од Карамани во 1903 година[19]

Култура и спорт

  • ФК Карамани

Иселеништво

Се знае за следниве иселеници: Дамевци (3 к.), Рокановци (2 к.) и Чорбевци (1 к.), кои живеат во Логоварди; Јаковчевци (8 к.) и Јуруковци (1 к.), кои живеат во Долно Оризари; Карамановци (1 к.), живеат во Поешево и Карамановци (2 к.), живеат во Старо Лагово.[4]

Исто така, од ова село има многу иселеници во градот Битола, но и во прекуокеанските земји.[2]

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads