Црква „Св. Никола“ - Кривогаштани

црква во селото Кривогаштани, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Никола“ - Кривогаштаниmap
Remove ads

Свети Никола — главна селска црква во прилепското село Кривогаштани, Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата се наоѓа во јужниот дел на селото Кривогаштани. Околу црквата се наоѓаат гробишта.

Remove ads

Местоположба

Црквата е сместена во селото Кривогаштани.

Историја

Црквата била подигната во 1847 година. Била подигната на иницијатива на свештениците Стојан и Андреј од Кривогаштани, а била осветена во Пелагонискиот митрополит Венедикт Византиски во 1860 година.[2]

Во 1942 година во црквата бил пронајден крушевскиот литургиски зборник со апокрифи, кој е кириличен ракопис од XVII век. Потоа, бил однесен во крушевските цркви, а по војната бил префрлен во крушевскиот музеј.[3]

Remove ads

Архитектура

Црквата претставува трикорабна базилика, со полукружна апсида на источната страна, која однадвор е расчленета со пет слепи ниши.[2]

Во црквата се чува надгробна стела од мермер со релјефна претстава во две полиња. Во горниот дел лево има две мали фигури на постамент, а десно три фигури што лежат и десно од нив жена што седи. Во долното поле стојат три фигури.[4]

Фрескоживопис

Храмот поседува живопис, кој го добила во 1860 година.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads