Црква „Св. Никола“ - Мрзен Ораовец

црква во Мрзен Ораовец, Кавадаречко From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Никола“ - Мрзен Ораовецmap
Remove ads

Свети Никола — главна селска црква во тиквешкото село Мрзен Ораовец, Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа пред самото село, сместена од десната страна на патот кој води до Мрзен Ораовец.

Историја

Црквата е изградена и живописана во 1694 година, според зачуваниот натпис над влезот од внатрешната страна.

Викторија Поповска-Коробар дава ново толкување на ктиторскиот натпис и по подлабока анализа на иконографската програма заклучува дека храмот датира од 1584 година.[2]

Архитектура

Претставува мала еднокорабна градба, градена од камен и варов малтер. На источната страна има петстрана олтарна апсида од надворешната страна. Одвнатре црквата е засводена со полукружен свод. Во олтарниот простор е олтарната конха, а северно и јужно од неа има две мали ниши — проскомидија и ѓаконик.[3]

Фрескоживопис

Зографските работи се завршени исто така во 1694 година, како што е наведено на натписот. Авторите на фреските се непознати.[3]

Живописот се одликува со изразен графизам и студени бои.[4]

Икони и иконостас

Иконостасот и иконите на него, како и царските двери се од XIX век.[3]

Галерија

Надворешноста на храмот
Внатрешноста на храмот (состојба 2023 г.)
Внатрешноста на храмот (состојба пред 2014 г.)
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads