Црква „Св. Никола“ - Оморани
црква во Оморани, Велешко From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола — православна манастирска црква во велешкото село Оморани, Општина Чашка. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.
Remove ads
Историја
Нема писмени извори за настанокот на манастирот. Се знае дека бил уништен во османлиско време, а потоа обновен.[1] Георги Трајчев претпоставува дека е основан во 1807 г. но во Слепченскиот поменик, напишан некаде по 1573 г., се споменува јеромонах Мина од Хоморан, што дава повод да се смета дека манастирот е многу постар.[2][3]
Архитектура
Црквата е еднокорабна градба со полукружна апсида на исток и отворен трем на западната страна. Подоцна е целосно обновена, со што е изгубена нејзината споменична вредност. Единствени траги за нејзиниот изворен изглед има во документацијата на Националниот конзерваторски центар, каде се вели дека му припаѓала на поствизантискиот период и имала зачуван живопис во апсидата со претстава на Богородица Ширшаја и друг фрагмент десно од неа.[4]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads