Црква „Св. Павле“ - Свети Павле (2013)

црква од 2013 г. во Свети Павле, Солун From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Свети Павле (грчки: Αγίου Παύλου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Кратки факти Свети Павле, Место ...
Remove ads

Историја

Храмот се наоѓа во населбата Кастра, близу Солунското добротворно друштво. Сместен е на рид јужно над истоименото маало Свети Павле со поглед на градот и Солунскиот Залив. Камен-темелникот е поставен на 8 јуни 1981 г. од митрополитот Пантелејмон II Солунски и отворена од истиот епископ на 2 ноември 1997 г. Изградена е на парцела со површина од 4.400 м2, пдоарена од Солунското добротворно друштво во 1980 г. До 1992 г. парохијата била со центар во друг храм, на околу 100 м северно од овој. Во 1988 г. општината сакала да го сруши, но тука се вмешал министерот за Македонија и Тракија Стељос, Папатемелис и со тоа е зачуван.[2]

Remove ads

Архитектура

Градбата претставува крстокуполен храм кој преминува во ротонда, дело на архитектот Димитриос Христидис. Има трика ката поради наклонот на теренот, со вкупна висина од 38 м. Подрумот зафаќа 600 м2, а катовите зафаќат 1.200 м2. Идејата за трите ката е дело на инженерот Сотирис Кувелас. Во зградата има 6 училишни простории, 2 свечени сали и сала за неделно училиште.[2]

Во црквата се чуваат мошти од Апостол Павле, како и вредна икона на Богородица од непознат автор, датирана на 14 февруари 1881 г.[2]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads