Црква „Св. Теодор Стратилат“ - Свето Тодори (селска)

црква во селото Свето Тодори From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Теодор Стратилат“ - Свето Тодори (селска)map
Remove ads

Свети Теодор Стратилат — главна селска црква во селото Свето Тодори.[1] Црквата е сместена во крајниот југозападен дел од селото, во непосредна близина на училиштето.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Црквата е изградена во 1880 година врз стари темели, а била обновена по Првата светска војна во 1921 година, како и во 1990 година.[2]

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Од јужната страна на црквата е дограден објект чиј влез е сместен на источната страна. Црквата е изградена од варовник и е покриена со кров од ќерамиди, додека апсидата е покриена со лимен кров.

Црквата има мал ограден двор кој го зафаќа просторот меѓу главниот и доградениот објект, како и камбанаријата која е сместена во југоисточниот агол. Таа има квадратна основа и се состои од два дела. Од нив, долниот е изграден од варовник како и самиот црковен објект, додека горниот дел содржи по еден залачен отвор на секоја страна. Влезот во камбанаријата се наоѓа на северната страна. Во оградениот двор има и гробен споменик. Селските гробишта се сместени непосредно до црквата, но надвор од оградениот двор.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads