Свето Тодори

село во Општина Могила From Wikipedia, the free encyclopedia

Свето Тодориmap
Remove ads

Свето Тодори — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, Битолско.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Името на селото потекнува од светецот на селската црква, Теодор Стратилат.[2]

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото

Селото се наоѓа речиси во средишниот дел на Пелагонија, во северниот дел на Битолското Поле и во северниот дел на територијата на Општина Могила.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри.[3]

Селото е потпланинско, сместено во подножјето на планината Древеник на запад и висорамнината на исток. Околни села се: Подино на север и Трновци на југ.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Крс, Богдан Манастир, Липа, Папрадиште, Дебела Леска, Гнојиште, Мрцкоа Падина, Мечкина Дупка, Свињи, Локви, Широка Бука, Тумбиња, Широки Дол, Страна, Јазбина, Петрегла, Лезоица, Лозишта, Чешмиња, Кутлина, Татарица, Пашиница, Чоролица, Црна Река, Чаирица, Ќосовица, Гладно Поле, Крге, Стеваница и Ќерамидница.[4]

Селото има збиен тип и е поделено на маала, кои се именувани по родовите во нив.[4]

Селото се наоѓа во котлината Пелагонија, југозападно од Прилеп и североисточно од Битола.

Remove ads

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот вилает под името Исвети Тодор кога имало 25 семејства, 1 неженет и 4 вдовици, сите христијани.[5]

Околу илјада метри југозападно од селото се наоѓал манастир, кој подоцна запустел. Мештаните во 1954 година почнале да копаат на таа месност и наишле на ѕидови високи еден метар. На нив се познавале одредени траги од живописот. Подоцна биле ископани и 10 стари гробови.[4]

Во првата половина на XIX век тука се населиле Арбанаси, кои имале околу 20-30 домаќинства. Нивните гробишта биле сместени на патот за соседното село Подино, а во селото постоела и џамија. Сепак, сите овие се иселиле од селото и главно се преселиле во градот Битола. На нивните места дошле предците на денешните македонски родови.[4]

Во XIX век, Свето Тодори било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[6]

Стопанство

Thumb
Поглед на селото од полето

Атарот зафаќа простор од 11,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 510 хектари, на шумите отпаѓаат 339 хектари, а на пасиштата 224 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Свето Тодори живееле 210 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Свето Тодори имало 128 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Свети Тодори се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 22 куќи.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[10]

Од селото, речиси, половина население се иселиле и тоа преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година селото имало 481 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 256 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Свето Тодори живееле 210 жители, сите Македонци.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 129 жители, од кои 124 Македонци и 5 лица без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Родови

Свето Тодори е македонско село. Сите родови во селото се доселени.[4]

Родови во селото се: Мицевци (4 к.), најстар род во селото, доселени се од Охридско, го знаат следното родословие: Васил (жив на 80 г. во 1950-тите, роден 1870), Божин (роден 1840), Мице (роден 1810), основачот на родот кој се доселил; Димчевци (2 к.), деленици се од Мицевци; Нолевци (17 к.), доселени се од селото Трновци, имаат роднини во Ивањевци (Буџаковци), го знаат следното родословие: Спасе (жив на 30 г. во 1950-тите) Ристе-Димче-Ноле, основачот на родот кој се доселил; Анѓелковци (9 к.), Ѓурчиновци (6 к.), Чорбевци (5 к.) и Грашковци (3 к.), и тие се доселени од Трновци; Горјановци (2 к.), доселени се во турско време од Бела Црква, таму се доселени од Смилево; Костевци (1 к.), доселени се однекаде; Ќеменовци (5 к.), доселени се од Добрушево; Прдлевци (2 к.), доселени се во турско време од Обршани, и таму се доселени однекаде; Пановци (2 к.), доселени се во турско време од Подино, таму биле доселени од Старо Подино; Стојановци (3 к.), шетале по сите села, овде се доселени од Српци во турско време; Бакревци (2 к.), доселени се од селото Света, Железник, а некое време живееле и во Трновци.

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Поглед на основното училиште во селото

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Могила.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ивањевци, во која селото Свето Тодори, се наоѓале и селата Беранци, Вашарејца, Древеник, Ивањевци, Лознани, Новоселани, Подино, Српци и Трновци. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од Општина Ивањевци, во која влегувале селата Древеник, Ивањевци, Новоселани, Подино, Свето Тодори и Трновци.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0185 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 149 гласачи.[18] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 146 гласачи.[19]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Теодор Стратилат“
Археолошки наоѓалишта[20]
Цркви[21]
Манастири
Remove ads

Редовни настани

Личности

Родени во Свето Тодори
  • Бранко Мицевски (р. 1958) — македонски зоолог, универзитетски професор на ПМФ, Скопје.

Иселеништво

Се знае за следните иселени македонски родови од селото: Рујановци (1 к.), живеат во Новоселани; Мориовчиња (4 к.), живеат во Граешница; Порталко (1 к.), живее во Кадино Село и Ночевци (2 к.), живеат во Долно Оризари.[4]

Од селото се имаат иселено над 200 лица. Најмногу се имаат преселено во градовите Битола, Прилеп и Скопје, како и во прекуокеанските земји и Европа.[2]

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads