Црква „Св. Троица“ - Ратавица
црква во селото Ратавица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Света Троица — главна селска црква во селото Ратавица.[1] Црквата е сместена во северниот дел од селото, во непосредна близина на подрачното училиште „Браќа Миладиновци“.
Remove ads
Историја
Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 13 мај 2010 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион.[2] Изградбата била завршила во 2015 година, а црквата била осветена на 3 мај 2015 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион по повод 70 години од одржувањето на првиот црковен народен собор во Скопје во март 1945 година.[3]
Архитектура
Градбата има правоаголна основа, со апсида во задниот дел, и претставува крсто-куполен храм со осумаголна купола. Пред влезот на црквата има натстрешница со триаголен кров која е поддржана од два јонски столба. На предниот дел од натстрешницата има дрвена основа на којашто се наоѓа дрвен крст. Ѕидовите на црквата и столбовите на натстрешницата се обоени во жолта боја, додека јонските капители се бели. Градбата и натстрешницата се покриени со кров од ќерамиди, додека куполата е покриена со метален кров. Над влезната врата има живопис на полукружна основа кој го отсликува Светото Тројство. Внатрешноста на црквата целосно е живописана. Црквата нема камбанарија, но истата е во изградба во непосредна близина на градбата, од левата страна на главниот влез.
Remove ads
Галерија
- Натстрешницата со влезната порта од црквата
- Живопис кој го отсликува Светото Тројство над влезната порта
- Внатрешноста на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads