Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Ѓавато
црква во селото Ѓавато From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во богданското село Ѓавато.[1] Црквата е сместена на крајот од селото.
Remove ads
Историја
Црквата е подигната во 1834 година, а обновена во 1893 година од страна на Андон Китанов. Пред почетокот на Првата светска војна, таа била опожарена, но ѕидовите биле сочувани. Подоцна, црквата била обновена.[2]
Архитектура
Градбата на црквата е трикорабна, со дрвени тавани во трите кораби, при што средишниот кораб ги надвишува страничните. Храмот е долг околу единаесет метри и има покривна конструкција изградена на две води којашто е потпрена на два реда со дрвени столбови.[2] Кон јужната страна на црквата е доградена припрата којашто е затворена, а на источниот ѕид има мала полукружна апсида. Главниот влез е сместен на јужната страна и над влезната порта има ниша со фреска на којашто е прикажано Успението на Пресвета Богородица. Црквата не е живописана по обновувањето, но има иконостас изработен во поново време, составен од стари и нови икони. Старите икони потекнуваат од XIX век.[2]
Црквата има простран двор кој е ограден и во него се сместени селските гробишта.
Камбанаријата на црквата е сместена надвор од нејзиниот двор, на неколку стотина метри од главниот објект, на височинка која доминира над самото село. Таа има квадратна основа и е поделена на два дела. Во првиот дел е во основата и во него е сместена влезната врата, додека вториот дел е повисок и на секоја од неговите четири страни има по една монофора. Камбанаријата во целост е обоена во бела боја.
Remove ads
Галерија
- Влезот во црквата
- Селските гробишта
- Икона над влезот во црквата
- Апсидата на црквата
- Страничен поглед на црквата
- Камбанаријата на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads