Црноглав галеб
вид птица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Црноглав галеб (науч. Ichthyaetus melanocephalus) — мал галеб кој живее речиси на целиот западен палеарктик, главно на југоисток , особено околу Црното Море и средна Турција. Има колонии и на други места во јужниот дел на Европа, а претрпе драматична експанзија во последните децении. Го има и во Македонија.

Remove ads
Распросранетост
Порано, црноглавниот галеб бил ограничено распространет крај Црното Море и источниот дел на Средоземјето, но овој вид сега се прошири во поголемиот дел од Европа. Во Велика Британија и Ирска имаше 543 - 592 парови во 2008 година. Во Ирска размножувањето е забележано во најмалку четири окрузи. Тие се распространети, исто така, и во Белгија, Холандија, Данска, Шведска, Естонија, Швајцарија, Чешка, Унгарија и на Балканот. Зиме, овие птици се селат во Средоземјето и на брегот на Атлантскиот Океан.
Remove ads
Опис
Црноглавиот галеб е малку поголем и покрупен од црноглавиот галеб, со подебел и поцврст клун и подолги, потемни нозе. Во сезона на парење возрасниот црноглав галеб е бел, со мошне бледо сива наметка и крила со бели примарни пердуви, со црна „маска“ на главата која е контрастна на белите линии околу очите. Клунот е тап, темноцрвен со црна лента при врвот. Вон сезона на парење возрасните се слични, но „маската“ е помала и станува црна лента врз очите како на разбојник. На оваа птица ѝ треба две години да стигне до зрелоста. Првата година птици имаат црни опашки и повеќе црни области кај пердувите, но имаат бледи пердуви под крилјата.
Remove ads
Исхрана
Прехранбените навики на црноглавиот галеб се многу опортунистички: јаде риба, црви, остатоци, инсекти, внатрешни органи и мрши.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads