Црноморски регион
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Црноморски регион (турски: Karadeniz Bölgesi) — еден од седумте пописни региони (bölge) во Турција. Се граничи со Мраморниот регион на запад, Средна Анадолија на југ, Источна Анадолија на југоисток, Грузија на североисток и Црното Море на север.

Покраини

Население
Регионот брои 8.439.213 жители[1], од кои 4.137.166 живеат во градовите, а 4.301.747 во селата. Со ова, Црноморскиот регион е најруралниот во земјата и единствениот со повеќе селско отколку градско население.
Најголем дел од населението се Турци, со Лази и Грузијци во источниот дел. За разлика од нивните сонародници во Грузија, Лазите и Грузијците во Турција се муслимани.
Клима
Регионот има океанска клима со големо количество на рамномерно распределени вржени преку целата година. Во крајбрежните делови, летата се топли и влажни, а зимите се свежи и исто така влажни. Со 2500 мм годишно, ова е најврнежливиот регион во земјата. Во зимата често врне снег, кој обично трае една до две недели.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads