Чамори
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Чаморите (чаморски: Chamorro) се староседелски микронезиски народ на Маријанските Острови, денес во составот на американските територии Северни Маријански Острови и Гуам. Денес, значаен број од Чаморите живеат во САД и Хаваите. Според пописот од 2000 година, во Гуам живееле околу 65.000 Чамори, а во Северните Маријански Острови живееле 19.000 Чамори.[3] Надвор од Маријанските Острови живеат околу 93.000 Чамори.
Remove ads
Јазик
Мајчин јазик на Чаморите е чаморскиот јазик. Чаморскиот е малајско-полинезиски јазик кој е сроден со палауанскиот. Бидејќи Гуам бил под шпанска управа над 300 години, јазикот има многу позајмени шпански зборови.[4]
Јазикот се изучува во училиштата во Северни Маријански Острови и Гуам. Јазикот се зборува по дома.
Историја
Се верува дека Чаморите пристигнале на Маријанските Острови од Југоисточна Азија, во околу 2000 г.п.н.е. Поради тоа, овој народ е доста сроден со австронезијците од Филипини, Индонезија, Тајван, Палау и Каролинците. Тие биле доста добри морепловци, но и одлични производители на ткаени работи и керамика.
Шпанските колонијални записи кажуваат дека Чаморите сееле свои житни и градинарски култури според месечевите мени. Така на пример, сладок компир се сеел кога месечината била полна и имало ниска плима.[5]
Remove ads
Религија
Чаморите се Католици.[6] Во доста мал број се присутни претхристијанските верувања и обичаи.
Поврзано
- Каролинци
- Чаморски јазик
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads