Шандунг

покраина во Кина From Wikipedia, the free encyclopedia

Шандунгmap
Remove ads

Шандунг () ― крајбрежна покраина во Народна Република Кина и дел од регионот Источна Кина.[3]

Кратки факти Шандунг 山东, Држава ...

Шандунг имал значајна улога во кинеската историја уште од почетокот на кинеската цивилизација по долниот тек на Жолта Река. Бил главен културен и верски центар за таоизмот, кинескиот будизам и конфучијанизмот. Планината Таишан во Шандунг е најобожавана планина во таоизмот и едно од верски најдолго обожуваните места во светот.[4] Будистичките храмови сместени на планините јужно од Џинан (главниот град на покраината) порано биле меѓу најпознатите будистички места во Кина.[5] Градот Куфу е родно место на Конфуциј, а подоцна се смета за центар на конфучијанизмот. Конфучијанизмот се развил од т.н. Сто школи на мислата според учењето на кинескиот филозоф Конфуциј.[6]

Местоположбата на Шандунг, на крстосницата на древните и современите трговски патишта север-југ и исток-запад, придонеле тој да стане важен економски центар. По периодот на политичка нестабилност и економски неприлики кои започнале кон крајот на 19 век, Шандунг во последните децении доживеал брз раст. Таму живеат преку 100 милиони жители, и Шандунг се наоѓа на шесто место според бројот на население меѓу административните единици во светот и на второ место меѓу покраините во Кина.[7] Шандунг во 2021 година имал БДП од 8,3 трилиони CNY (на трето место меѓу кинеските покраини во тој сегмент), односно 1,3 трилиони американски долари, што е еднакво на БДП на Мексико.[8][9]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads