Шведска академија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шведска академија (шведски: Svenska Akademien) — една од кралските академии во Шведска, одговорна за јазикот и книжевноста. Сместена е во зградата позната како „Стокхолмска берза“.
Remove ads
Историја
Академијата е основана во 1786 г. со повелба на кралот Густав III. Заснована е на Француската академија и брои 18 члена. Нејзиното гесло гласи „Дарба и вкус“ (Snille och Smak). Главна задача на академијата е да ја зачува „чистотата, силата и возвишеноста на шведскиот јазик“ [1]. За таа цел академијата издава два речника.[2]
Првиот е еднотомен речник наречен „Поимик на Шведската академија“ (Svenska Akademiens ordlista, SAOL). Вториот е повеќетомен речник, чие уредување се врши во духот на Оксфордскиот речник, и го носи насловот „Речник на Шведската академија“ (Svenska Akademiens ordbok, SAOB). „Поимникот“ е веќе во XIII издание, а „Речникот“ постојано се издава од 1898 г. наваму.
Почнувајќи од 1901 г. академијата ја доделува Нобеловата награда за литература, во спомен на нејзиниот покровител Алфред Нобел. Покрај ова, установата ја доделува и Доблоуговата награда за шведска и норвешка белетристика.[3][4]
Remove ads
Тековни членови
Моментален постојан секретар на академијата е Петер Енглунд. Членовите се наведени по број на место (седиште):
Remove ads
Поврзано
- Нобелова награда за литература
- Доблоугова награда
- Кралски академии во Шведска
- Членови на Шведската академија (сегашни и минати)
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
