Шепенштет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шепенштет (германски: Schöppenstedt) — мал град во округот Волфенбител, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Претставува административно седиште на општинската заедница Елм-Асе.
Remove ads
Географија

Се наоѓа југозападно од ридските масиви Елм и Асе, околу 17 километри источно од Волфенбител и 21 километар југоисточно од Брауншвајг.
Од 2007 година, станицата во Шепенштет е источниот крај на железничката линија Волфенбител-Хелмштет.
Историја
Местото „Скифинстете“ (Sciphinstete) во областа Дерлингау во Саксонија, сместено на трговскиот пат од Брауншвајг до Шенинген, било првпат споменато во декрет од 1051 година. Црквата во местото веројатно постоела во деновите на мисионерот Хилдегрим пред 827 година; Шепенштет подоцна станал седиште на архиѓаконија на Халберштат. Од 1267/1269, околните поседи биле на велфските војводи од Брауншвајг-Волфенбител. Во 1542 година, граѓаните станале протестанти.
Главна знаменитост е црквата „Св. Стефан“ со својата крива кула од XII век. Внатрешноста содржи прекрасни камени столбови со фрески од животински фигури и човечки глави.
Remove ads
Познати луѓе
- Лудвиг Штримпел (1812–1899) — филозоф и педагог
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads