Ширмер тест

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ширмер тест
Remove ads

Ширмеровиот тест се користи за објективно мерење на количината на солзи произведени од окото. [1] За оваа цел се прикачува 5 мм широка и 35 мм долга лента од филтер-хартија (лакмусова хартија) на надворешниот агол на очниот капак во конјунктивалната кеса. По 5 минути се чита растојанието што го покрива солзавната течност во хартиената лента.

Thumb
Ширмер тест

Се прави разлика помеѓу два различни теста: Ширмер I и Ширмер II тест.

Remove ads

Ширмер I

Овој тест се изведува на неанестезирано око, при што се тестира секрецијата при надразнување. Кај овој тест нормално се очекува обојување на лакмусовата лента од околу 15 мм.

Ширмер II

Овој тест, уште наречен и базален Ширмер тест, се изведува под локална анестезија за да се спречи иритација на очите. Соодветно, овде се мери помала вредност (помало растојание на пребојување на хартијата), што поблиску одговара на базалната секреција на солзи, т.е. вообичаената солзна секреција при отсуство на дразба.

Нормален наод кај овој тест се повеќе од 10 мм, додека помалку од 10 мм укажува на недоволно производство на солзи, вредностите под 5 мм за 5 минути се патолошки.

Тестот треба да го вршат само офталмолози, бидејќи постои ризик од ерозија на рожницата (корнеата) доколку се користи неправилно.

Патолошки Ширмер тест може да е присутен, на пример, кај следниве болести:

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads