Јадрена реакција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јадрена реакција — во јадрената физика и јадрената хемија, семантички се смета за процес во кој две јадра, или јадрото на атомот и субатомска честичка (како протон, неутрон, или високоенергетски електрони) надвор од атомот, се судираат за да произведат еден или повеќе нуклиди кои се различни од нуклидите кои го почнале процесот. На тој начин, јадрената реакција мора да предизвика трансформација на најмалку еден нуклид во друг. Ако јадрото заемодејствува со друго јадро или честичка и потоа тие се разделат без да се промени природата на ниеден нуклид, процесот едноставно се означува како вид на јадрено расејување, наместо јадрена реакција.
Во принцип, реакцијата може да вклучи повеќе од две честички кои се судираат, но бидејќи веројатноста од три или повеќе јадра да се сретнат во исто време на исто место, е многу помала од онаа за две јадра, како настан е исклучително ретка (види троен алфа-процес на пример во непосредна близина на јадрена реакција со три тела). „Јадрена реакција“ е израз кој подразбира предизвикани промени во нуклиди, и на тој начин не се однесува на кој било тип на радиоактивно распаѓање (која по дефиниција е спонтан процес).
Природните јадрени реакции што се јавуваат во земодејството помеѓу космичките зраци и материјата, но јадрените реакции можат да бидат и вештачки искористени за да се добие јадрена енергија, со прилагодлива стапка, по потреба. Можеби најзначајните јадрени реакции се јадрените верижни реакции во цепните материјали кои создаваат поттикнато јадрено цепење, како и различни јадреносоединувачки реакции на лесни елементи, кои го овозможуваат производството на енергија во Сонцето и ѕвездите. И двата типа реакции се искористени кај јадрените оружја.