Џеда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џеда или Џида (арапски: جدّة, Jidda; турски: Cidde) — град во Саудиска Арабија на бреговите на Црвеното Море. Градот е еден од главните урбани центри во државата и најголем град во покраината Мека. Покрај тоа, Џеда е најголемо пристаниште на Црвеното Море и втор најголем град во Саудиска Арабија, веднаш зад главниот град Ријад. Според проценките за 2010, градот имал околу 3.2 милиони жители и претставува еден од главните трговски центри на државата. Џеда е главна порта за Мека, најсветиот град во исламскиот свет, и Медина, исто така свет исламски град.
Џеда جدّة Jidda | |||
---|---|---|---|
град | |||
Прекар(и): Мостот на Црвеното Море | |||
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Saudi Arabia" does not existЛокација на Џеда во Саудиска Арабија | |||
Координати: 21°32′36″N 39°10′22″E | |||
Држава | Саудиска Арабија | ||
Покраина | Мека | ||
Основан | ~ 6 век п.н.е. | ||
Приклучен кон Саудиска Арабија | 1925 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Хани Абу Рас[1] | ||
• Градски гувернер | Мишал ал Сауд | ||
• Покраински гувернер | Халид ал Фаисал | ||
Површина | |||
• Градска | 1.500 км2 (600 ми2) | ||
• Метро | 3.000 км2 (1,000 ми2) | ||
Надм. вис. | &1000000000000001200000012 м | ||
Население (2008) | |||
• град | 3,234,000 | ||
• Густина | 2.921/км2 (1.826/ми2) | ||
• Градскo | 3,855,912 | ||
• Метро | 4,500,000 | ||
проценка | |||
Час. појас | EAT (UTC+3) | ||
• Лето (ЛСВ) | EAT (UTC+3) | ||
Поштенски код | (5 бројки) | ||
Повик. бр. | +966-2 | ||
Мреж. место | Општина Џеда |
Џеда е еден од најкосмополитските, најразновидните и најтолерантните градови во Саудиска Арабија, кој е дом на голем број доселеници од целиот свет. Економски, Џеда е фокусирана на понатомошно развивање на инвестициите во научните и енергетските капацитет во Саудиска Арабија и во Средниот Исток.[2] Регионално, Џеда е главен центар за пошироката средина.