Алусијан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Алусијан — македонски цар (благородник), втор син на Јован Владислав со принцезата Марија. Го убил Петар Делјан во 1041 година, по што за кратко го преземал престолот. [1][2]
Алусијан | |
---|---|
Битката за Солун | |
На престол | 1041 год. |
Претходник | Петар Делјан |
Наследник | Пресијан II |
Татко | Јован Владислав |
Мајка | Марија |
По пропаѓањето на Самуиловото Царство (1018 г.), му се предал на царот Василиј II и бил почестен со титулата патрикиј. Заедно со другите претставници на владејачката фамилија, бил одведен во Цариград и стапил во византиска служба. Во еден период ја вршел должноста стратег на темата Теодосипол во Ерменија, а потоа паднал во немилост. Интересен е начинот на кој Алусијан го предал тогашниот владетел Петар Делјан. Штом дознал за востанието на Петар Делјан, тајно ја напуштил Мала Азија и преку Цариград и Солун пристигнал во логорот на востаниците кај Острово.[1][2] Имено, синот на Гаврил Радомир имал голема доверба во Алусијан, војсководец од Самуиловата кралска лоза. Делјан (како на свој братучед) му дал 40 илјадна војска за го освои Солун.[1] По шестдневна опсада на градот, Алусијан претрпел тежок пораз и едвај спасил жива глава. Тој успеал да пребега, но на лукав начин извршил големо предавство. После Битката за Солун за почнале несогласувањата со Петар Делјан.[1] Приредил банкет во местото Острово, каде го поднапил Делјана и потоа го ослепил. Делјановите придружници не ни знаеле што Алусијан сторил, а тој како легитимен наследник седнал на царскиот престол.[2] Таму се задржал многу кратко, нецела година, за подоцна да абдицира и да ги предаде царските војски на византискиот цар Михаил IV. Овој го удостоил со магистерски чин и го испратил во Цариград кај Орфанотрофа. Обезглавено, востанието на Петар Делјан било осудено на пропаст. Слепиот Делјан, без да дава отпор, бил фатен и испратен во Солун.[3]
Алулсијан одржувал пријателски врски со познатиот византиски флозоф и писател Михаил Псел.[1]