Американски ликвидамбар
вид дрво / From Wikipedia, the free encyclopedia
Американскиот ликвидамбар (Liquidambar styraciflua), познат и како американски сторакс или алигаторско дрво,[1] е листопадно дрво од родот Liquidambar кое потекнува од топлите умерени области на истокот на Северна Америка и тропските планински региони во Мексико и Средна Америка. Ликвидамбарот е едно од највредните шумски растенија во југозападните Соединети Американски Држави и често се користи како украсно дрво во пределите со умерена клима.[2][3] Препознатлив е по комбинацијата на петокраки ѕвезденовидни лисје и цврстите, боцкави плодови. Класифициран е во растителната фамилија Altingiaceae, но претходно бил сметан за член на фамилијата Hamamelidaceae.[3]