Астероид од типот C
From Wikipedia, the free encyclopedia
Астероиди од типот C (јаглероден астероид) — најчестиот вид на астероиди, застапен со 75 % од вкупниот број.[1] Се одликуваат со многу мало албедо бидејќи содржат многу јаглерод, покрај камењата и минералите. Најчесто се јавуваат по работ на астероидниот појас, на растојание од 3,5 астрономски единици (ае) од Сонцето, каде 80 % од астероидите се од овој вид; за разлика од ова, истите се застапени со само 40 % 2 ае од Сонцето.[2] Уделот на типот C може да е и поголем бидејќи ваквите астероиди се многу потемни од сите други видови (освен типот D).