From Wikipedia, the free encyclopedia
Бад Емс (германски: Bad Ems) — бањски град во Рајнската област-Пфалц, Германија. Претставува административен центар на руралниот округ Рајна-Лана и познат како бањско одморалиште и лекувалиште на реката Лана. Бад Емс е седиште и на месната општинска заедница[2] Бад Емс.
Бад Емс
Bad Ems | |
Водокулата во Бад Емс од 1907 г. | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Рајнска област-Пфалц |
Округ | Рајна-Лана |
Општ. заед. | Бад Емс |
Градоначалник | Отмар Канц (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 15,36 км2 |
Надм. височина | 80 м |
Население | 9.801 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 638 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | EMS |
Пошт. бр. | 56130 |
Повик. бр. | 02603 |
Портал | www.bad-ems.de |
Местоположба на градот Бад Емс во рамките на округот Рајна-Лана | |
Координати | 50°20′17″N 7°42′38″E |
Градот е изграден на обете страни на реката Лана, која претставува природна граница помеѓу ридските системи Таунус и Вестервалд во состав на Рајнските Шкрилни Планини. Подрачјето на Бад Емс и околните приградски населби влегува во состав на природниот резерват на Насау.
Жичената железница „Курвалдбан“ води од градот до видиковец на емската Бизмаркова кула (Bismarckturm).
Во времето на Римското Царство, на местото е изградена тврдина како крепост во состав на горногерманската граница на царството, но денес преостануваат само малку наоди од неа. Позабележителни белези од тоа време можат да се среднат во околните шуми, каде се забалежуваат остатоци од некогашната римска граница.
Местото за првпат се споменува во документи од 880 г., а добило статус на град во 1324. Грофовите на Насау и грофовите на Каценелнбоген изградиле нови бањи, каде приредувале гозби за гости.[3] Во XVII и XVIII век Бад Емс важел за еден од најпознатите бањски одморалишта во Германија. Својот врв го достигнал во XIX век, кога имал гости од целиот свет и станал омилено летувалиште на разни европски владетели и културни дејци, вклучувајќи го кајзерот Вилхелм I, руските цареви Николај I и Александар II, композиторот Рихард Вагнер, писателот Фјодор Достоевски, сликарот Василиј Верешчагин и многу други.
Во 1870 г. градот (тогаш дел од пруската покраина Хесен-Насау) се прочул како местоо на испраќање на т.н. „емска телеграма“, која станала повод за Француско-пруската војна. Во рускиот цар Александар II го 1876 е потпишаал Емскиот указ, со кој се забранува употребата на украинскиот јазик. Денес на тоа место се наоѓа споменик што сведочи за овој настан.
Стопанството во градот е потесно поврзано со бањите и угостителството, но застапени се и други гранки како медицината и електротехниката и туризмот.
Бад Емс е збратимен со:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.