Битка на Сутјеска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Битка на Сутјеска (српскохрватски: Bitka na Sutjesci, Битка на Сутјесци) или операција „Шварц“ (германски: Fall Schwarz) — напад од страна на Оската, што имал за цел да ги уништи партизаните. По напорните борби во Битката на Неретва главнината на НОВЈ и Врховниот штаб со Тито се пробиле кон Црна Гора, каде во просторот помеѓу реките Пива, Тара и Сутјеска создадале нова слободна територија. На оваа територија борците требало да се одморат, а на ранетите и болните од тифус да им се овозможи лекување и негување. Меѓутоа, непријателите не ги оставиле партизаните да се одморат и да се средат за нови борби. Тие многу брзо и во најголема тајност подготвиле нова офанзива. Собрале одморени воени сили и почнале да ја опколуваат територијата на која се наоѓале главнината на НОВЈ и Врховниот штаб. Покрај германска донеле италијанска, усташка и нугарска војска, а исто така и четници на Дража Михајловиќ. Додека непријателската воена сила изнесувала околу 127.000 војници најсовремено вооружени со топови, тенкови и авиони, дотогаш НОВЈ на овој сектор имал околу 20.000 борци со околу 3.000 ранети и болни.
Битката на Сутјеска | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Југословенскиот фронт во Втората светска војна | |||||||
Колона од партизани во текот на битката на Сутјеска |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Оска: Трет Рајх Италија Хрватска Бугарија[1][2][3] | Сојузници: Партизани |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Александер Лохр Рудолф Лутерс | Јосип Броз Тито | ||||||
Сила | |||||||
127.000 луѓе 300+ авиони | 23.000 луѓе (3.000 ранети и болни) | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
релативно малку | 6.391 + 2.000 цивили |