Борба за Македонија
културен и воен судир меѓу Грците и Македонците во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Борба за Македонија или Вооружена пропагандна војна во Македонија — вооружен конфликт од 1895 до 1908 година во Отоманското Царство за Македонија помеѓу врховистичките, грчките, српските чети и четите на Македонската револуционерна организација (МРО). Овој конфликт е само кулминацијата од дејствувањето на трите поголеми пропаганди во Македонија, кој работеле за остварување на националистичките планови на нивните држави, а од другата страна била Македонската револуционерна организација, таа се залагала за самостојно работење и борба за извојување на човекови права и слобода преку едно внатрешно востание. Врховистичките, грчките и српските чети ја имале поддршката на Бугарија, Грција и Србија, а грчките чети, поради отворениот Турцизам, ја имаале наклонетоста и на самата империјата, но андартите често се откажувале од помошта на османлиската војска и се здружувале со четите на Српското четничко движење. На територијата на Македонија грчките чети се судрувале и со Власите кај кој била силна романската пропаганда како и со дејците на албанското националноослободително движење. Во текот на Младотурската револуција во Македонија, според турските извори, имало околу 110 чети на Македонската револуционерна организација, 80 андартски чети, 20 српски и 8 влашки чети.
Борба за Македонија | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Четата на капетанот Лазарос Апостолидис., Споменик на Критјаните, Македономахи во Солун, Грчките капетани Спирос и Адам со младотурците, Војводата Митре Влаот |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Команданти и водачи | |||||||
Апостол Петков Васил Чакаларов Лазар Поп-Трајков Митре Влаот Ѓорѓи Сугарев Петар Ацев Јане Сандански | Иван Цончев Германос Каравангелис Павлос Мелас Гоно Јотов Мицко Крстевски Јован Бабунски Јован Довезенски |
Најзначајните артефакти од овој период се изложени во т.н. „Музејот на македонската борба“ во Солун посветен на неа.