Викрамска ера
календар основан од царот Викрамадитја / From Wikipedia, the free encyclopedia
Викрамска ера (Викрам самват; деванагари: विक्रम सम्वत्) (со кратенка В.С. или Б.С.) — календар кој бил воспоставен од страна на царот Викрамадитја. Овој календар се состои од месечеви месеци и сончева ѕвездена година. Станува збор за официјалниот календар на Непал, кои се нарекува и Бикрам самват, но се пресметува со употреба на тропската година.
За Викрама самават се вели дека бил создаден од императорот Викрамадитја од Уџајин[1] по неговата победа над Саките во 56 година п.н.е., најчесто ( но погрешно ) се поврзува со наредниот крал Чандрагупта Викрамадитја. Станува збор за месечев календар заснован на хиндуистичката традиција (Погледајте хиндуистички календар и Ведското сметање на времето). Викрамската ера е 56,7 години понапред во броењето на времето во споредба со сончевиот грегоријански календар. На пример, годината 2056 БС започнала во 1999 а завршила во 2000 година. Новата година започнува со првиот ден по младата месечина, со месецот чаитра, чаитра шуда 1 или чаитра шукла пакша пратама, што обично се паѓа во март-април во грегоријанскиот календар. Деветодневниот фестивал Наваратри започнува на овој ден, достигнувајќи го максималното славје на денот рам навми. Во Непал, започнува во средината на април и го одбележува почетокот на новата сончева година.
Во Индија, се користи обновениот Сака календар, во хиндуистичката верзија на преамбулата при создавањето на уставот на Индија, датумот на прифаќањето на уставот 26 ноември 1949 година е запишан со употреба на викрамската ера (магшерш шукла саптами самват 2006). Постојат барања за замена на индискиот национален календар со викрамската ера.[2]