Вуелта а Еспања 2019
74. издание на велосипедската трка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Вуелта а Еспања 2019 (познато и како: Трка околу Шпанија 2019) — 74. издание на велосипедската голема трка Вуелта а Еспања, која се одржала помеѓу 24 август и 15 септември како завршна голема трка во сезоната на Светската турнеја.[1] Трката започнала со екипен хронометар во Торевиеха на Коста Бланка, а завршила во Мадрид.[2][3] Покрај во Шпанија, делови од трката се возеле во Андора и во Франција.
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 74. Вуелта а Еспања | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2019 2.UWT | ||
Етапи | 21 | ||
Датуми | 24 август – 15 септември | ||
Растојание | 3.290,7 км | ||
Држави | Шпанија Андора Франција | ||
Поаѓалиште | Торевиеха | ||
Одредиште | Мадрид | ||
Екипи | 22 | ||
Возачи на почеток | 176 | ||
Возачи на крај | 153 | ||
Просечна брзина | 39,587 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Примож Роглич (Џамбо-Висма) | ||
Второпласиран | Алехандро Валверде (Мовистар) | ||
Третопласиран | Тадеј Погачар (ОАЕ Емирати) | ||
Бодовен | Примож Роглич (Џамбо-Висма) | ||
Планински | Жофри Бушар (АГ2Р Ла Мондијал) | ||
Младински | Тадеј Погачар (ОАЕ Емирати) | ||
Борбеност | Мигел Анхел Лопес (Астана) | ||
Екипен | Мовистар | ||
◀2018 | 2020 ▶ | ||
Документација |
Трката била освоена од Примож Роглич, кој бил прв Словенец кој освоил некоја голема трка. На подиумот се качил и Алехандро Валверде како втор од Мовистар Тим и сонародникот на Роглич, Тадеј Погачар од ОАЕ Тим Емирати како трет.
Покрај генералниот, Роглич го освоил и бодовниот пласман. Жофри Бушар од АГ2Р-Ла Мондијал го освоил планинскиот пласман, додека Погачар го освоил пласманот за млад возач. Мигел Анхел Лопес од Астана бил прогласен за најборбен возач на трката, додека Мовистар Тим го освоиле екипниот пласман.