Гварино Гварини
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гварино Гварини (италијански: [Guarino Guarini] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help); 7 јануари 1624, Модена - 6 март 1683, Милано) — италијански архитект, математичар, филозоф, автор и театински свештеник, кој се смета за значаен претставник на доцниот барок и на т.н. сицилијански барок.[1][2]
Кратки факти Гварино Гварини, Националност ...
Гварино Гварини | |
---|---|
![]() Портрет на Гварино Гварини | |
Националност | Италијанец |
Познат(а) по | архитектура |
Правец | барок, сицилијански барок |
Затвори
Како архитект, најактивен бил во Торино, каде што проектирал неколку градби за членовите на семејството Савоја. За најзначајно негово дело се смета Палацо Карињано, кое се одликува со заоблената фасада во барокен стил и се вбројува меѓу најубавите палати во втората половина на XVII век.
Автор е и на неколку дела, чијашто содржина главно се однесува на математиката и архитектурата и претставуваат основа за појавата на нацртната геометрија.