Гиганти
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гигантите (грчки: Γίγαντες) во старогрчката митологија, според Хесиод, се божествени суштества, деца на Геја (Земјата), која била оплодена со крвта на Уран (Небото) откако Крон, неговиот син го кастрирал.[1][2] Според Хомер, пак, тоа биле големи, диви луѓе кои живееле на Запад, но ги искорениле зашто биле дрски кон Боговите.[3] Родени се со грозен лик и змејски опашки. Тие фрлале камења и запалени дабови кон небото, му ги украле стадата на Хелиј[4], ги напаѓале луѓето и се обиделе да ја силуваат Афродита[5].
Откако Титаните не успеале, Гигантите се обиделе да ја срушат власта на Боговите, па започнале војна со нив. Таа војна е наречена Гигантомахија.