Горен кварк
вид кварк / From Wikipedia, the free encyclopedia
Горен кварк или u-кварк (симб. u, од анг. up) — една од елементарните честички од која е создадена материјата. Најлесен е од сите кваркови. Заедно со долниот кварк ги формира неутроните (еден горен кварк и два долни кварка) и протоните (два горни кварка и еден долен кварк) кои се дел од атомските јадра. Дел е од првата генерација на честичките, има полнеж од +2/3 e и маса измеѓу 1.8 - 3.0 MeV/c2. Како и сите кваркови, горниот кварк е елементарен фермион со вртеж од -1⁄2 и ги искусува сите четири основни интеракции: гравитација, електромагнетизам, слабо заемодејство и силно заемодејство. Античестичката од горниот кварк се нарекува горен антикварк.
Состав | елементарна честичка |
---|---|
Статистика | фермион |
Поколение | прво |
Заемодејства | Силно, Слабо, Електромагнетизам, Гравитација |
Симбол | u |
Античестичка | Горен антикварк ( u ) |
Предвиденна | Мари Гел-Ман (1964) Џорџ Цвајг (1964) |
Откриена | SLAC (1968) |
Маса | 2,3+0,7 −0,5 MeV/c2[1] |
Се распаѓа на | стабилен или Долен кварк + Позитрон + Електронско неутрино |
Ел. полнеж | + 2⁄3 e |
Боен полнеж | da |
Спин | 1⁄2 |
Слаб изоспин | Л: + 1⁄2, Д: 0 |
Слаб хиперполнеж | Л: + 1⁄3, Д: + 4⁄3 |
Постоењето на горниот кварк (заедно со долниот и чудниот кварк) беше постулиран во 1964 година од страна на Murray Gell-Mann и George Zweig за да се објасни "Осумкратниот пат" - класификационата шема на хадроните. Горниот кварк за првпат беше опитуван од експериментите во Stanford Linear Accelerator Center во 1968 година.