Горански јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Горански, или гурански, е јазик или група дијалекти од подгрупата на ирански јазици од групата на индоирански јазици, дел од јазичното семејство на индоевропски јазици. Јазикот го опфаќа и авроманскиот дијалект[2][3] и овој јазик го зборуваат Курдите[4][5] во Ирански Курдистан и во Ирачки Курдистан. Според некои јазичари јазикот е дел од групата на зазогорански јазици.[6]
- Оваа статија е за индоирански јазик. За македонскиот дијалект во Косово видете горански дијалект.
Викимедииниот Инкубатор испробува Википедија на горански јазик |
Кратки факти Горански јазик, Застапен во ...
Горански јазик | |
---|---|
Hawrami | |
Застапен во | Ирак и Иран |
Подрачје | Хавраман и Гармијан |
Говорници | 44,000 (2000)[1] |
Јазично семејство | индоевропско
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | hac |
Linguasphere | 58-AAA-b |
Затвори
Иако горанскиот јазик има големи сличности со курдскиот јазик во поглед на зборовниот фонд, сепак јазикот е граматички различен и има сличности со зазанскиот.[6] Најстариот документ за сите овие јазици е напишан на горански. Горанскиот, порано, бил доста важен јазик во југоисточните предели на Курдистан, но денес е заменет со соранскиот јазик (курдски).[7]