Курдски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Курдскиот (Kurdî или کوردی) е ирански јазик, дел од групата на индоирански јазици од семејството на индоевропски јазици. Курдскиот јазик е мајчин јазик на 25 до 35 милиони Курди[2] во Мала Азија и Блискиот Исток. Според податоците на CIA, околу 10% од вкупното население на Иран зборува курдски[3] и според нивните податоци има околу 25 до 30 милиони луѓе што зборуваат курдски.[4][5][6][7]
Курдски јазик | |||
---|---|---|---|
كوردی, Kurdî, Kurdí, Кöрди[1] | |||
Застапен во | Турција, Иран, Ирак, Сирија, Ерменија, Азербејџан | ||
Подрачје | Мала Азија, Близок Исток | ||
Народ | 25–30 милиони Курди | ||
Говорници | 25-35 милиони | ||
Јазично семејство | индоевропско
| ||
Писмо | персиско писмо, курдска азбука | ||
Статус | |||
Службен во | Ирак: официјален заедно со арапски:. Иран: регионален јазик Ерменија: малцински јазик | ||
Јазични кодови | |||
ISO 639-1 | ku | ||
ISO 639-2 | kur | ||
ISO 639-3 | kur — опсежен код Поединечни кодови: ckb — сорански дијалект kmr — курманџиски дијалект sdh — јужнокурдски дијалект lki — лакискиLaki | ||
Linguasphere | 58-AAA-a (севернокурдски, со курманџиски и курманџики) + 58-AAA-b (централнокурдски со димли/ зазански и гурански) + 58-AAA-c (јужнокурдски) | ||
|
Курдскиот јазик не е унифициран стандарден јазик, туку збир јазици (или дијалекти) кои ги користат Курдите. Во поширока смисла, поимот опфаќа јазични варијанти кои може и да не се разбирливи меѓу себе.[8] Вториот службен јазик во Ирак, често именуван во документите како курдски е всушност стандардизирана форма на соранскиот дијалект.[9][10]
Пишаниот курдски јазик најчесто се сретнувал во поезијата сè до раниот 20 век, кога курдскиот јазик почнал да се користи за поопфатни книжевни дела. Денес курдскиот има две пишани стандардизирани форми: курманџиски дијалект, во северните делови на регионот Курдистан, и сорански дијалект во источните и јужните предели. Покрај овие два стандардизирани дијалекти, постои и групата на зазогорански јазици, кои се зборуваат од неколку милиони Курди.[11][12][13][14] Авроманскиот дијалект на гуранскиот јазик бил значајна пишана форма која ја користеле Курдите, но полека бил заменет со соранскиот дијалект во 20 век.[15]