Гургур Тумба (Битола)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Гургур Тумба — археолошко наоѓалиште во Битола. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа во рамнината 2,5 км источно од градот, непосредно до индустриската зона каде што се наоѓаат фирмите „Битолатекс“, „Илинден“ и други претпријатија. Тумбата има правилна кружна основа со пречник од 250 м и височина од 3 м. Горните површински слоеви се оштетени од земјоделските работи. Во 1952 година Народниот музеј, во соработка со Филозофскиот факултет од Љубљана, вршел ископување, а во 1981 година е вршено ново сондажно ископување. Работите покажале дека е во прашање повеќеслојна населба, со културен слој од 3,40 м во кој се разграничуваат два хоризонта на живеење. Откриените многубројни фрагменти од керамички садови, орудија од коска, камен и кремен ја определуваат населбата како среднонеолитска, а ѝ припаѓа на велушко-породинската културна група. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
„Гургур Тумба“ | |
Местоположба | 41°1′51″N 21°20′24″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Битола |
Општина | Битола |
Тип |
|
Период | неолитско време |
Портал „Археологија“ |