From Wikipedia, the free encyclopedia
Домашно или занаетчиско пиво (на англиски: craft beer) — пиво кое се произведува во мали количини (или понекогаш произведно од коренот на дрвото), обично се многу помали отколку големи корпоративни пиварите, и се во независна сопственост. Како пивари кои произведуваат такво пиво, тие генерално се одликуваат со својот акцент на квалитет, вкус и техника на производство.[1][2]
Крафтинг движењето, или производството на домашни пива започнало во Велика Британија во 1970 година, иако традиционалните рачно изработени пива, постоеле во Европа со векови и потоа се прошириле на другите земји. Како движењето растело, така и некои пивари го прошириле своето производство и дистрибуција, и се појавиле повеќе концепти за производство на крафт пивото.Ваквите пива најмногу се продаваат во домашни пивници или пабови.[3] Овие пива не можат да се најдат во продажба зашто се во мали количества, и некои претставуваат ексклузивна можност да се пробаат овие дела на големите мајстори на одредени настани или фестивали[4].
Производството на домашно пиво во Македонија, зема сè поголем замав во втората деценија на XXI век започнувајќи со производството на домашно пиво на пивница „Темов“, како и на поголем број на приватни лица кои со знаења и искуство од странство и интернет и обезбедување на состојки од домашно потекло успешно во домашни услови произведуваат различни видови на пиво. Прв салон на занаетчиските (домашни) пива во Македонија се одржал на 3 март 2018 година, каде 12 производители на пиво во домашни услови (кујна, гаража) од Скопје, Битола, Велес, Куманово и Грција ги претставиле своите пива пред стотици присутни[5].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.