Европа (остров)
остров на Франција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Европа (француски: Île Europa, малгашки: Nosy Ampela[1]) — низок тропски атол во Мозамбичкиот Проток помеѓу јужен Мадагаскар до јужен Мозамбик. Зафаќа површина од 28 км2 и никогаш не бил населен сè до доселувањето на француското семејство Розје во 1820 г. Островот официјално станал владение на Франција во 1897 г.
Кратки факти Европа Île Europa ...
Затвори
Кратки факти Географија, Место ...
Карта на островот | |
Географија | |
---|---|
Место | Мозамбички Проток |
Координати | 22°22′S 40°22′E |
Управување | |
Прекуморска територија | Француски Јужни и Антарктички Земји |
District | Расеани Острови |
Затвори
На островот е сместен воен одред од Реинион, има метеоролошка станица и го посетуваат научници. Дел е од Расеаните Острови на регионот Француски Јужни и Антарктички Земји.
На островот е снимана епизодата „Потрага во длабочините“ (1968) од серијата „Подводниот свет на Жак Кусто“,[2] во која се претставени зелените морски желки.