From Wikipedia, the free encyclopedia
Екваторски координатен систем — небесен координатен систем во широка употреба за одредување на положбите на небесните тела. Може да се примени со сферни или правоаголни координати, обете определени со почеток во средиштето на Земјата, основната рамнина од проекцијата на Земјиниот екватор врз небесната сфера (т.е. небесниот екватор), главна насока кон пролетната рамноденица и деснорако правило.[1][2]
Почетокот во средиштето на Земјата значи дека координатите се геоцентрични, средишната точка во нејзината внатрешност видлива кога таа би била проѕирна.[3] Основната рамнина и главната насока значат дека координатниот систем, иако е порамнет со Земјиниот екватор и пол, не се врти заедно со Земјата, туку останува релативно неподвижен во однос на позадинските ѕвезди. Десноракото правило значи дека координатите се накачуваат северно од и источно околу основната рамнина.
Описот на насоченоста на упатната рамка е донекаде упростен; насоченоста не е сосем неподвижна. Бавното движење на Земјината оска наречено прецесија предизвикува бавно и постојано вртење на координатниот систем на запад околу половите на еклиптиката, исполнувајќи еден круг за приближно 26.000 години. Врз ова постои помало движење на еклиптиката и мало колебање на Земјината оска наречено нутација.[4]
За да се утврди точната главна насока, кога се наведува положбата на овие движења мора да им се посочи рамноденицата на даден датум (година), наречена епоха. Трите најзастапени епохи се:
Положбата во екваторскиот координатен систем затоа нарекува вистинска рамноденица и екватор на датум, средна рамноденица и екватор на J2000,0 и сл. Тука нема „средна еклиптика“, бидејќи еклиптиката не претрпува на мали периодични колебања.[5]
Сферните координати на една ѕвезда се изразуваат како пар ректасцензија и деклинација, без координата за растојание. Насоката за достатно далечни тела е иста за сите набљудувачи, и згодно е оваа насока се укажува со истите кординати за сите. За разлика од ова, во хоризонтскиот координатен систем положбата на една ѕвезда се разликува во зависност од тоа каде на Земјата се наоѓа набљудувачот, и постојано се менува со вртењето на ѕвездата.
Телескопите опремени со екваторска можнтажа и нагодувачки тркала го користат екваторскиот координатен систем за пронаоѓање на тела. Заедно со ѕвездена карта или ефемерида, нагодувачкото тркало овозможува лесно да вперување на телескопот во познати тела на небесната сфера.
Деклинацијата (δ) го претставува аголното растојание на едно тело нормално на небесниот екватор, позитивно кон север и негативно кон југ. На пример, северниот небесен пол има деклинација од +90°. Почетокот за деклинацијата е во небесниот екватор, кој е проекција на Земјиниот екватор врз небесната сфера. Деклинацијата е аналог на земската географска должина.[6][7][8]
Ректасцензијата (α) го претставува аголното растојание на едно тело кон исток долж небесниот екватор од пролетната рамноденица до часовниот круг што минува низ телото. Пролетната точка е една од двете точки во кои еклиптиката се сече со небесниот екватор. Ректасцензијата обично се изразува во ѕвездени часови, минути и секунди наместо во степени, што произлегува од начинот на нејзиното определување по пат на времемерење на премините на овие тела преку меридијанот додека Земјата се врти. Во еден час ректасцензија има 360°24ч = 15°, и 24ч ректасцензиија ширум целиот небесен екватор.[6][9][10]
Како алтернатива на ректасцензијата, часовен агол, кој е леворак систем, го претставува аголното расојание на едно тело кон запад долж небесниот екватор од меридијанот на набљудувачот до часовниот круг што минува низ телото. За разлика од ректасцензијата, часовниот агол секогаш се зголемува со Земјиното вртење. Може да се смета за начин на мерење на изминатото време од горната кулминација, моментот кога телото ќе се допре со меридијанот над глава.
Кулминирачката ѕвезда на меридијанот на набљудувачот има часовен агол од нула (0ч). За еден ѕвезден час (околу 0,9973 сончеви часови), Земјиното вртење ќе ја однесе ѕвездата западно од меридијанот, и нејзиниот часовен агол ќе биде 1ч. При пресметување на топоцентрични појави, ректасцензијата може да се претвори во часовен агол како преоден чекор.[11][12][13]
Постојат неколку правоаголни варијанти на екваторските координати. Сите тие имаат:
Упатните рамки не се вртат заедно со Земјата (за разлика од геоцентричните рамки), туку секогаш се насочени кон рамноденицата, и со време се поместуваат заедно со движењата на пресецијата и нутацијата.
Сферни | Правоаголни | ||||
---|---|---|---|---|---|
Ректасцензија | Деклинација | Растојание | Општ | Наменски | |
Геоцентрично | α | δ | Δ | ξ, η, ζ | X, Y, Z (Сонце) |
Хелиоцентрично | x, y, z |
Во астрономијата, постои и хелиоценрична правоаголна варијанта на небесните координати, со ознаки x, y, z која има:
Оваа рамка во секоја смисла е еквивалентна на рамката ξ, η, ζ погоре, освен тоа што почетокот е ставен во средиштето на Сонцето. Често се користи за пресметка на планетарни орбити. Тридимензионалните небесни координатни системи се прикажуваат како[17]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.