Електрификација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Електрификација е процес на напојување со електрична енергија или, во друг контекст, изградба на објекти и постројки за производство на електрична струја и воведување на ваква моќност со промена на претходниот извор на енергија.[1] Изградбата на системите за електрификација (производство на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија) започнала во средината на 1880-тите во Велика Британија, САД и другите развиени земји, и генерално се инсталирала до околу 1950 година, иако сè уште е во тек поврзувањето во руралните области во некои земји во развој. Ова вклучувало и премин на производството од парни и хидраулични машини во машини со електричен мотор.[2][3]
Електрификацијата во одредени сектори на економијата се нарекува масовно производство, куќна електрификација, рурална електрификација или железнички електричен систем. Може да важи и за примена на индустриски процеси како топење, одвојување и рафинирање метални руди со помош на јаглен и кокс или хемиски процеси што вклучуваат некаков вид на електрична моќ како електро лачни печки, електрична индукција, Омско греење и електролиза или електролитичко одвојување.
Електрификацијата е именувана како „најголемото инженерско достигнување на 20 век“ од Националната Инженерска Академија на САД.[4]