Хидраулика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хидраулика (старогрчки: ὑδραυλικός, од ὕδωρ „вода“ и старогрчки: αὐλός „цевка“) — наука за законите на рамнотежата и движењето на течностите, како и вештина на искористување на водената сила.[1] Теоретската подлога на оваа наука се изучува во хидромеханиката, која се задржува на техничката примена на особините на течностите. Во нејзината практична употреба, хидрауликата наоѓа примена во создавањето, контролата и преносот на сила користејќи течности под притисок. Во неа се опфатени концепти како протокот, проектирањето на брани, флуидиката и контролните кола со течности. Најзините начела се природни за човекот, поради присуството на истите во телесните системи како крвотокот.[2][3] Слободноповршинската ахидраулика е гранка на хидрауликата која се занимава со текот на водата по слободни површини (без притисок), како кај реките, каналите, езрата, устијата и морињата.
Може да се рече дека оваа дисциплина е мошн сродна на пневматиката, која пак ги користи гасовите место течностите.