За македонцките работи
From Wikipedia, the free encyclopedia
За македонцките работи[1] — книга напишана од Крсте Петков Мисирков и објавена во Софија во 1903 година. Книгата ги претставува погледите на еден од најголемите македонисти и национални дејци кон македонското прашање, националната свест и пред сè на потребата од завршување на националната афирмација и ослободување на Македонците како посебен народ со особено значење на улогата за кодифицирање на литературен македонски јазик. Во книгата се обработуваат тематики поврзани со основање на стандарден македонски јазик, правопис и азбука во контекст на изнесениот политиколошки поглед на тогашната актуелна политичка состојба во Македонија по Илиденското востание, како и научно-теоретски погледи за самобитноста и посебноста на македонскиот народ со историски пристап кон настанокот на другите европски и словенски народи, со единствена замисла и цел за национална афирмација на македонскиот народ во современа модерна европска нација со своја слободна, целовита и независна држава Македонија.
"За македонцките работи", корица на оригиналот. | |
Автор | Крсте Петков Мисирков |
---|---|
Земја | Бугарија |
Јазик | македонски |
Жанрови | лингвистика, историја, етнографија, политика и аналитика |
Издадена | 1903 |
Текст | За македонцките работи на Викиизвор |