Крсте Петков Мисирков
македонски филолог, новинар, историчар и етнограф — основач на македонизмот / From Wikipedia, the free encyclopedia
Крсте Петков Мисирков (Постол, Егејска Македонија,[1] 18 ноември 1874 — Софија, Царство Бугарија, 26 јули 1926 ) — македонски филолог,[2] кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија,[3] раководител на ТМОК и личност на македонскиот XX век.[4]
Крсте Петков Мисирков | |
---|---|
Портрет на Крсте Петков Мисирков. | |
Роден/а | Крсте Петков Мисирков 18 ноември 1874 Постол, Отоманско Царство (Егејска Македонија, денес Грција) |
Починат/а | 26 јули 1926 (52 години) Софија, Царство Бугарија (денес Бугарија) |
Псевдоним | „К.Пелски“ (според родното село) |
Занимање | македонист, филолог, славист, историчар, етнограф, публицист, преведувач и професор. |
Националност | Македонец |
Образование | дипломиран филилог и историчар |
Апсолвент на | Историско-филолошки факултет, Петроградски универзитет. |
Жанр | лингвистика, филологија, политика, историја, етнографија и аналитика |
Предмет | македонска историја, филологија, етнографија, аналитика и политика |
Книжевно движење | Македонско научно-литературно друштво „Свети Климент“, македонска преродба |
Значајни дела | „За македонцките работи“, списание „Вардар“, собрани народни творби и над 30 научни статии |
Сопруг/а | Екатерина Михајловна-Мисиркова |
Деца | Сергеј Мисирков |
Роднини | Ката Мисиркова-Руменова |
Потпис |
Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на книжевни дела и собирање на народни творби.[5]